ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ГАЗИ БАБА НА САМИТ ЗА ПАМЕТНИ И ФЛЕКСИБИЛНИ ТРАНСПОРТНИ РЕШЕНИЈА ВО САРАЕВО

0
128

🌎 Меѓународен самит во Сараево: Со паметни и флексибилни транспортни решенија, до зелена транзиција и транспорт во град Скопје!

☝️ Општините, како најблиска власт до граѓаните, не само што треба да ги спроведат законите, туку претходно треба да обезбедат и соодветен амбиент и да обезбедат нивна поддршка од населението.

Посочив на неколку добри примери, самостојно реализирани или поддржани од европски проекти, како што e ProSUMP-Проект на ,,Регионална размена на знаења и најдобри практики за одржливо планирање на урбаната мобилност со земјите од Западен Балкан“.

🗺️ Неколку општини донесоа планови за урбана мобилност кои се во согласност со Новата рамка на урбана мобилност на Европската Унија.

Сепак, за преземање на поголеми чекори, што ќе дадат глобален придонес за зелена транзиција, потребни ни се сериозни финансиски средства, како на нашата земја, така и на земјите од Западен Балкан.☝️ Работиме на давање предност на велосипедите и велосипедските патеки, наспроти сообраќајниците и автомобилите; предност на зеленилото наспроти бетонизацијата; примена на обновливи извори на енергија и паметни алатки за уличното осветлување; водење грижа за енергетската ефикасност и друго.

☝️Работиме и кон подигнување на јавната свест за селекција на отпадот и значењето на циркуларната економија, како и за намалување на потрошувачката и користење на помалку природни ресурси од порано.

✌️Во доменот на можностите даваме поддршка и на локалната економија во насока на нејзина полесна зелена транзиција.

Но, за зафаќање со крупни инвестиции ни недостигаат големи финансиски средства.

☝️ Тука би користеле за: обезбедување на прочистителни станици за заштита на сите водни ресурси; справување со дивите депонии, односно воспоставување на одржливо управување со отпадот и изградба на стандардизирани депонии. Понатаму зголемување на капацитетите на јавниот транспорт и негова дигитализација, како и осовременување и проширување на железничкиот систем.

Клучна поддршка треба да им дадеме и нашите земјоделци за примена на климатски –паметно земјоделство со пренасочување на земјоделските субвенции кон еколошко обработување на земјата.

Потребно е да преземеме активности за да го подготвиме образовниот систем за обезбедување на нови занимања кои ќе даваат поддршка на зелената транзиција.

Остануваме оптимисти.

Ја прифаќаме потребата за промени и интензивно работиме и ќе работиме и во иднина на заштитата на животната средина и спречувањето на климатските промени во насока на обезбедување на општа благосостојба во светот.

Фејсбук статус на градоначалникот на Општина Гази Баба, Орце Георгиевски.