ГОРАН СУГАРЕСКИ: ОСТВАРИВ СРЕДБА СО МЕНАЏМЕНТОТ НА МЕРМЕРЕН КОМБИНАТ ПРИЛЕП СО ШТО ЗАЕДНО КОНСТАТИРАВМЕ ДЕКА СОРАБОТКАТА СО ОПШТИНА ПРИЛЕП Е КЛУЧНА ЗА ПОДОБРИ УСЛОВИ И СТАНДАРДИ НА ЖИВЕЕЊЕ НА ПРИЛЕПЧАНИ, МОЈОТ ТИМ ЌЕ СЕ ПОСВЕТИ НА ВАДЕЊЕ И ПРОИЗВОДСТВО НА СВЕТСКИ ПРОЧУЕНИОТ БЕЛ МЕРМЕР ,,СИВЕЦ”

0
660

Успешното функционирање на општините во современи услови не може да се замисли без спроведување на локален економски развој и создавање поволна клима за деловни активности и инвестиции.

Оттаму, доколку на претстојните локални избори ја добијам довербата на граѓаните на општина Прилеп, локалниот економски развој е еден од главните приоритети кон кои ќе биде насочена мојата и работата на мојот тим.

Во таа насока беше и денешната средба со менаџерскиот тим на Мермерниот Комбинат, глобален лидер во вадење и производство на светски прочуениот бел мермер „Сивец“.

Низ разговор дојдовме до заедничка констатација дека постои простор за унапредување на соработката, што е од интерес како на Комбинатот, така и на Општина Прилеп, а се’ во функција на подобрување на стандардот и условите за живеење на жителите на нашата општина.

Фејсбук статус на кандидатот за градоначалник на Прилеп, Горан Сугарески.