ГЕРО КИКИФРИКИ СТАНА ГЛАВЕН АНТИ ЕУ ТРУБАДУР И БОТ : ПРЕКУ КОЛУМНА ВО ,,ПЛУСИНФО” ДОКОЛКУ МИЦКОСКИ ГЛАСА ЗА ВНЕСУВАЊЕ НА БУГАРИТЕ ВО ПРЕАМБУЛАТА ВО НЕГО МУ ПРЕПОРАЧУВА ДА СИ ГИ СОБЕРЕЛ ПАРТАЛИТЕ И ДА СИ ОДЕЛ И ОД ВМРО-ДПМНЕ И ОД ПОЛИТИКАТА

0
759

Во колумна на Плусинфо, Геро му прави притисок на Мицковски по никоја цена да не дозволи старт на преговорите со ЕУ:

Како ќе се однесуваат ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски?

Прашањево е важно, бидејќи објективно, при ваква констелација во парламентот, од нив зависи дали владата на Ковачевски ќе успее да го испорача ветувањето за внесување на Бугарите во Уставот.

Она што мене ме буни е упорното инсистирање на Мицкоски граѓаните за оваа тема да се изјаснат на референдум. Бидејќи следната клучна тема, следниот „пик“ во процесот е отворањето на Уставот, на евентуалниот референдум што сака да го издејствува тој, на граѓаните треба да им се постави јасно прашање, на кое ќе можат да одговорат со „да“ или „не“.

Дали сте за внесување на Бугарите во Преамбулата на Уставот?

Тоа е прашањето. Јас не гледам некое друго јасно и политички релевантно прашање за кое би требало да се изјаснат избирачите, ако Мицкоски баш инсистира на плебисцит.

А јас, да бидам искрен, не би инсистирал на тоа. Од три причини.

Прво, тој што сака да се свика референдум, мора прво самиот да одговори на референдумското прашање. Така е етички. Мора да се одговори кратко и јасно, не во кондиционали, туку едноставно со „да“ или со „не“. Без дополнителни експликации.

Второ, ако ВМРО-ДПМНЕ се изјасни дека е против внесување на Бугарите во Уставот, партијата и нејзиниот лидер мора да опстојат на тој став независно од тоа како ќе се изјаснат избирачите. Мицкоски нема да може да рече – е па ете, ние сме „против“, ама бидејќи народот е „за“, тогаш ние мора да ја почитуваме волјата на избирачите. Ова се вика алиби политика. Која не е на цена. Дури ни во Македонија.

И трето, ако опозицијата не успее да предизвика референдум, тоа ќе се протолкува како поддршка за власта да продолжи со политиката „прво бугаризација, после европеизација“ и со иницијативата за промена на Уставот. Ковачевски со мирна душа ќе може да му реплицира на Мицкоски – ете друже, се обидовте со референдум да ја срушите нашата проевропска политика, не успеавте и ние сега си продолжуваме по патот.

Сосема друга би била ситуацијата кога власта би посакала на референдум да ја провери својата политика за овие прашања. Како што аматерот Заев ја провери својата на референдум и – си доби по муцето.

Дилемата на Мицкоски

Јас мислам дека на крајот „политичкото животно“ (zoon politikon) во Христијан Мицкоски ќе рикне на глас и тој ќе сфати дека од него во овој момент зависи насоката во која ќе се движи земјата. Сериозен политичар такви шанси не пропушта. Затоа Мицкоски треба да се изјасни. Јасно и гласно. Да се изјаснува секој ден, ако е потребно. И да биде подготвен да ги истрпи сите последици на своето изјаснување.

Проста е работата.

Ако Мицкоски се согласи да почне постапката за промена на Уставот и тој учествува во неа, а можеби и гласа за внесување на Бугарите во преамбулата, ќе мора да си ги собере парталите и да си замине и од ВМРО-ДПМНЕ и од политиката. Не очекувам тоа да се случи, но тоа е влогот. Се разбира, има луѓе кои мислат дека со тоа Македонија само ќе добие. Тие мислат дека Македонија законито добива ако ВМРО-ДПМНЕ ги изгуби следните избори и ако се маргинализира на политичката сцена.

А тоа сигурно ќе се случи ако Мицкоски и ова раководство на партијата на било каков начин влезат во игранката за внесување на Бугарите во Уставот.

Ако, пак, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ одлучно се изјаснат против промената на Уставот и ако успеат да ја преживеат сезоната на мошне веројатниот откуп на опозициски гласови по разни основи, треба да сметаат на многу поголеми притисоци од онаа непристојна изјава на Вархеји. На Мицкоски секој втор ден ќе му ја виткаат раката. Но, партијата која сега „јуначки“ се изјаснува против концептот „прво бугаризација, па европеизација“, нема друг избор.

Пред само 7 години Героски беше главен поборник за влез во НАТО и ЕУ, ова се дел од неговите јавни настапи во време на режимот на Груевски, кога не лажел тогаш дека е европеец и прозападен новинар или сега кога глуми нова Мирка и нов Латас: