ГЕОРГИЕВСКИ ДО МИЦКОСКИ : СЕГА ПЛАЧЕ ПО ЧЛЕНОТ 353, А ТОЈ ГО СРУШИ

0
476

Љубчо Георгиевски вели дека дефинитивно имало „некакви пазари“ меѓу власта и Груевски.

Груевски тоа што сам го сруши сега плаче да му се донесе – Членот 353!, рече поранешниот премиер Љубчо Георгиевски синоќа за  емисијата „Трилинг“, критикувајќи го Никола Груевски кој доби азил и престојува во Унгарија.Тој рече дека членот 353 е член со најголема историја во македонскиот правосуден систем.

– Кога почна транзицијата раните 90-ти последната комунистичка власт членот 353 го тргнаа и го избришаа. Првите 10 години од македонската транзиција кога беа најголемите приватизации членот 353 не постоеше. Овој член го врати нашата влада за да ги исплашиме тие на политичката сцена да бидат повнимателни. Овој член е напишан и изгласан од мојата влада, а во времето кога премиер беше Владо Бучковски имаше обид за негова промена, но беше „срушен“ од Никола Груевски- вели Георгиевски.

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски, според Георгиевски, е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени.Прашан дали владејачката гарнитура е подготвена да му подаде рака на Груевски, во контекст на измените на Кривичниот законик и на уставните измени, оценката на Георгиевски е дека дефинитивно имало некакви пазари меѓу власта и бегалецот во Будимпешта.

– Според она што го чувстувам во воздухот и како наликуваат работите и она што зборува ВМРО-ДПМНЕ дефинтивно имало некои пазари. Јас не сум вклучен во тие пазари, ниту ги знам деталите, правам анализа од она што го слушаме од едните и од другите што зборуваат.

Меѓутоа јас повторно го поставувам прашањето за ВМРО-ДПМНЕ, дали не сметаат дека ева ако од страна на СДСМ им е поодреден пазар до некое ниво ослободување на целата таа маса на луѓе, дали тоа не е доволна цена да ја платат со уставните промени.

Според мене, да“ – оцени Георгиевски.  Тој смета дека дефинитиво имало разговори и меѓу поранешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, но тие, како што рече Георгиевски, не успеале затоа што ракодството на партијата не се согласило со „некои такви концепти“.