ГЕНЕРАЛ СТОЈАНЧЕ АНГЕЛОВ : ПРОФЕСОРКЕ ВАНКОВСКА ВО ТЕКСТ НА ВАШИОТ ФЕЈСБУК ПРОФИЛ СТЕ ОБЈАВИЛЕ ТЕНДЕНЦИОЗНА, ЗЛОНАМЕРНА И НОТОРНА НЕВИСТИНА ЗА ОГЛАСОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ ВО ЦЕНТАРОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КРИЗИ

0
732

Професорке Билјана Ванковска!
Колкава е вашата плата?

Во текст на вашиот Фејсбук профил сте објавиле тендециозна, злонамерна и ноторна невистина за огласот за вработување на определено време во Центарот за управување со кризи.

Како прво, огласени се 13 работни места за кои се бара завршено средно образование. Притоа во огласот, според закон, е наведена месечната БРУТО плата за овие работни места која прикажана во НЕТО износ се движи околу 18.600 денари (302 евра).

Со завршено високо образование побаруваме 13 лица од кои 7 се предвидени со образование ОДБРАНА при што поимот “одбрана” е дефиниран во квалификацијата на Министерството за информатичко општество и администрација.

Значи, не е точно вашето тврдење “куриозитет е (ако не грешам) дека за ниту едно работно место не се бара кадар од Институтот за безбедност, одбрана и мир”.

Напротив, како што самите сте претпоставиле, грешите бидејки за повеќе од половината работни места со високо образование се бара завршено високо образование ОДБРАНА.

Платите кај работните места се наведени во БРУТО износ, но, за да не се вознемирувате дека ќе бидат повисоки од Вашата, ќе дообјаснам дека најниската предвидена плата со високо образование без работно искуство е околу 22.000 денари (околу 360 евра) а највисоката околу 28.000 денари (околу 450 евра). За трите највисоки позиции, во согласност со Закон, се бара и три години соодветно работно искуство, што е спротивно на вашето тврдење.

За да бидеме докрај транспарентни би ве замолил јавно да ја објавите висината на вашата плата за да го поткрепите вашето тврдење дека лицата кои ќе бидат вработени во ЦУК “без искуство, со прво вработување, добиваат професорска плата”.

Дали вашата плата е 360 евра? Или можеби е малку повеќе?

Професорке, не е добро да се шират лажни информации но сепак без разлика на се’ ви посакувам добро здравје и долг живот.

П.С. Бидејки сум блокиран од професорката Ванковска молам некој нека и ја пренесе оваа моја порака.