ГЕНЕРАЛОТ ПАВЛЕ АРСОСКИ НОСИТЕЛ НА ЛИСТА НА ИЕ3 ОД ДВИЖЕЊЕТО ЗНАМ – ЗА НАША МАКЕДОНИЈА ДЕНЕС ВО БЕРОВО ЈА ПРЕЗЕНТИРАШЕ ПРОГРАМАТА ,,ПРОГЛАС ЗА ДОСТОИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

0
31
Почитувани,
Генералот Павле Арсоски, носител на листа на ИЕ3 од Движењето ЗНАМ-ЗА
НАША МАКЕДОНИЈА, денес пред жителите на Берово ја презентираше
програмата „Проглас за достоинствена Македонија“.
Истакна дека со амбициозни планови и конкретни мерки, главниот фокус е
ставен на економски развој, промоција на туризмот, зголемување на
поддршката за земјоделството, и создавање можности за младите за да
останат да живеат и создаваат во Берово.

-Свесни за потребата за раст и развој на економијата, нудиме планови за
економско зајакнување, ги идентификувавме потребите и потенцијалите за
развој и поддршка на локалните бизниси  со  цел отварање на нови работни
места преку финансиска помош и субвенциии, како и  реставрација на
постоечките капацитети.
Берово, бисерот на Малешевијата, со својата богата историја и природна убавина, претставува идеално место за развој на алтернативен туризам. Планираме да ја подобриме инфраструктурата, да ги промовираме културните и природни убавини и да ја зголемиме достапноста и квалитетот на туристичките услуги, истакна генерал
Арсоски.

Тој потенцираше дека иселувањето на младите е рак рана за македонското
општеството, па оттаму најголем предизвик за Движењето ЗНАМ е да се
задржат и охрабрат младите да останат во Македонија.

-“Прогласот за достоинствена Македонија“ предвидува создавање на
претприемачки услови и доделување на долгорочни кредити со државна
субвенција на каматите, како и поддршка за младите да започнат и
развијат свои бизниси во општината.

Со овие мерки, целиме да создадеме поволна средина за задржување на  младите во Берово и да ги охрабриме да бидат активен дел од локалното општество и економијата.

Движењето ЗНАМ се обврзува да го трансформира Берово и Малешевијата во место каде што секој граѓанин ќе има можност за успех и достоинствен живот, им порача

генерал Арсоски на граѓаните.

Тој ги повика на 24.април и на 8 мај да го заокружат бројот 7 и да дадат
глас за Максим Димитриевски и Движење ЗНАМ-ЗА НАША МАКЕДОНИЈА!