ВО ПРАГА, СРЕДБА ПЕТРОВСКА – ЧЕРНОХОВА : СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И ЧЕШКА ЈА ПРОДЛАБОЧУВААТ ОДБРАНБЕНАТА СОРАБОТКА

0
343

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска со пречек со високи воени почести ја започна својата официјална посета на Чешката Република, во чии рамки оствари средба со чешката министерка за одбрана, Јана Чернохова.Двете министерки се согласија дека неодамна потпишаниот Договор за ремонт на хеликоптери помеѓу двете влади ќе ја зајакне и интензивира билатералната и одбранбената соработка помеѓу државите.

„Неодмана склучениот договор за ремонт на два хеликоптери на Армијата на Република Северна Македонија, претставува уште еден доказ за интензивирање на нашата соработка во одбраната, но и на нашата блискост во Алијансата“, истакна Петровска.На средбата, оценувајќи ја билатералната соработка со Чешката Република како одлична, министерката Петровска истакна дека Чешка не е само наш близок НАТО сојузник, туку и гласен поддржувач на европската интеграција на Северна Македонија.

„Чешка е доследен и гласен поддржувач на евроинтеграцијата на Северна Македонија и за тоа сме благодарни и сметаме на чешката поддршка и во иднина,, потенцираше Петровска и додаде дека евроинтеграцијата на Северна Македонија и останатите држави од Западен Балкан ќе даде позитивен импулс и за безбедноста на регионот.