ВО ИЗЈАВА ЗА МАКФАКС, РУСКОВСКА НАЈАВИ БОРБА ПО ПРЕДЛОГОТ ЗА ДА ЈА РАЗРЕШАТ : НЕ СУМ ПОРАЗЕНА, НЕ СЕ КААМ

0
810

Вилма Русковска смета дека не е поразена со одлуката на дисциплинската комисија со која се бара нејзино разрешување од обвинителската функција. Веќе најави: „Ќе се борам до крај со сите средства“. Русковска за „Макфакс“ посочи дека одлуката била донесена уште кога била на сослушување во Обвинителство, што го искоментира: „Со самото неприфаќање на мои сведоци и докази, знаев која е одлуката. Знаев дека е донесена одлуката“.

„Јас ја немам добиено одлуката, ова го знам од тоа што е објавено на ЈОРМ. Образложението го немам прочитано и не можам да коментирам ништо“, рече Русковска, а на потпрашање што ќе прави ако ѝ ја одбијат и жалбата, посочува: „Отом потом“.Русковска, прашана дали се покаја што не отиде во пензија, со што ќе немаше простор за утврдување на дисциплинска одговорност, за „Макфакс“ вели: „Не, не, апсолутно не сум се покајала. Апсолутно не“.

Прашана дали овој предлог за разрешување го смета за порака до неа, посочи: „Не знам тоа. Не знам, не сакам утре да се најдам по судови“, а на потпрашање дали се плаши од тужби за клевети, додава: „Не се плашам. Секое судење чини многу. Не сум во ситуација за судење да давам пари. Ги немам тие пари, како што рече Боки 13 дека сум имала 4 милиони (алудирајќи на рочиштето каде Боки 13 ја обвини за корупција од 4 милиони). Морам да си водам сметка за секој денар. Не би сакала да се најдам по судови“. Русковска одговарајќи дали ќе се најде пред судови ако спомене било чие име, рече: „Да, да“.