ВО БРИСЕЛ ЗАПОЧНА БИЛАТЕРАЛНИОТ СКРИНИНГ ЗА „ВНАТРЕШЕН ПАЗАР“

0
308

Денеска во Брисел започнува билатералниот скрининг за вториот Кластер, „Внатрешен пазар“, со скрининг состанок за Поглавјето 3, „Право на основање и слобода на давање услуги“ Делегацијата ја предводи заменичката на главниот преговарач на Република Северна Македонија со Европската унија, Дрита Абдиу-Халили, а присутни се и координаторот на Кластерот 2, вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, како и Крешник Бектеши, министер за економија, како прв човек на институцијата која е носител на Поглавјето 3. На денешниот билатерален скрининг состанок за Кластерот „Внатрешен пазар“, ќе бидат презентирани теми поврзани со борбата против корупцијата во вршењето на услугите и информативниот систем на внатрешниот пазар и а заклучоците и препораките што ќе произлезат од истиот ќе ги одредат нашите државни политики како и следните реформски чекори во пристапниот процес.

„Ја препознаваме важноста на областите кои се дел од Поглавјето 3, „Правото на основање и слобода на давање услуги“ и тоа го потврдуваме со активно учеството на земјата во Регионалната економска зона и исполнувањето на повеќегодишниот акциски план, каде што сите држави на Западен Балкан имаат за цел да измерат колку што е можно повисоко ниво на усогласеност. Спроведуваме и вклучуваме активности за отстранување на пречките во процесот на признавање на професионалните квалификации и подобрување на обезбедувањето прекугранични услуги“ – истакна во своето обраќање заменичката на главниот преговарач, Дрита Абдиу-Халили. Исто така пред претставниците на Европската комисија се обрати и вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, кој меѓу другото истакна дека посветени сме и работиме напорно за секоја препорака нотирана во последниот извештај на Европската Унија.