ВО БЕЛАТА ПАЛАТА БИЛЕ БЕСНИ ЗА ИНТЕРВЈУТО НА ГРУЕВСКИ ЗА СИТЕЛ: Ова како Заев да го има нарачано, наместо да молчи таму и да се скрие, он работи против нас!!!

0
2234

Во белата палата биле бесни на Груевски за неговото интервју за Сител. Коментарот бил – наместо да ќути и народ да го заборави, он се јавува за да ни одмогне и да не закопа! Иритира народ, се клешти и кикоти, како Заев да го нарачал интервјуто!

ВМРО ДПМНЕ го пушти Миленко да се пресмета со паторот, он е задолжен за прљавите пресметки, па на неговиот портал Дудинка, Миленко напиша:

 

Ете, откако синојка се излија сите ФБ емоции по повод “интервјуто“ на Никола Груевски за Славица Арсовска од Сител, утрово да го соопштам своето мислење.

Една работа најнапред, секој си има право на свое мислење, па така и јас. Разликата е што моето мислење не е од навијачка природа (навивањето го оставам на навивачите), ами од сериозен аналитички пристап со исклучителна концентрација да не подлегнам на сеопштиот вирус наречен “кратка меморија“.

Никола Груевски, секако е најатрактивниот гостин од Балканот што би го посакал било кој новинар. За жал по гледачите, синоќешното интервју, публикувано на несреќен датум (втори февруари!!!), НЕ ДАДЕ ниту еден битен одговор.

Напротив, ме увери во сознанието дека не е заминат преку Албанија, ами е отиден директно на север. Леснотијата на објаснувањето како тоа само сам си се прошетал до амбасадата во Тирана, и како тоа одма решиле да го транспортираат, леснотијата на објаснувањето за живеењето кај многуте пријатели што ги имал во Унгарија, како и најавата дека се‘ ќе сме разбереле од ненапишаните мемоари одаде тотална несериозност и неискреност кон одговорите што се очекуваа. Имено, ако пишуваш мемоари, и ако таму се‘ ќе си напишел, зошто побогу е потребно интервју?!

Исто така, скараноста со математиката, што инаку никогаш не била негова врлина, покажува дека се појави во интервју колку да го видиме, а не за да каже нешто. Вели 90% од луѓето ме подржуваат, Веднаш потоа вели од 20 луѓе на кој сум им помогнал, 10 луѓе покажаа дека не го заслужиле тоа. 10 од 20 е 50%, како тогаш е 90% од предходната констатација. И како тоа “им помогнал“? Бил да замеша бетон или турка количка со бетон кога некој ставал прва плоча? “Јас им помогнав“ не е во описот и пописот, во ингиренциите и мандатот на премиерската позиција! Со што им помогнал? Со позиции, пари, судски процеси, бизниси, титули??? Каква е тоа помош? Бранко Црвенковски имаше еднаш изјава која се однесуваше на Ѓорги Спасов каде велеше “Кој Спасов, тој човек што го направив праќајки го за амбасадор“!! Оваа изјава за “им помагав“ ми личи баш на онаа на БЦ.

Но, ова погоре е само фасадата што не чинеше (беше од стиропор) во таканаречи интервјуто.

Суштината, според мене е застрашувачка и разочарувачка. Настапот на Никола Груевски синојка беше едно големо разочарување.

Да се разбереме, Никола Груевски е најдобриот премиер во историјата на Република Македонија. Во првите 6-7 години од владеењето. Но, во исто време тоа е и човекот кој е најодговорен за губењето на државата, историјата, јазикот и името. Во последните 2-3 години од мандатот.

Во интервјуто Никола Груевски за ниту еден потег не призна одговорност. Никога не погрешил. Безгрешен суперхерој. Дури, што е и најсмешно, за тоа што Кире Божиновски и Миле Јанакиевски заради него завршија во притвор во Шутка, а на Гордана Јанкуловска тоа и висеше на глава – он не им се лутел?! Работава “јас ве набутав во притвор, ама не ВИ се лутам за тоа“!!! Налудничаво, нема што.

Да се вратам на одговорноста.

Никола Груевски не беше запрашан за најбитните прашања:

  1. Зошто не го упаси Зоран Заев кога тој го уценуваше во неговиот кабинет?
  2. Зошто флангратно го прекрши законот и го погази уставот со преговорите во Пржино и потпишување на криминалниот и неуставен договор од Пржино?
  3. Кој му дал мандат наместо Собранието во просторииите на Собрането, “4-цата поглавици“ да си се договараат и пазарат во Пржино.
  4. Кој и со што го притсна и уцени за да го крши законот и непочитува уставот?
  5. Со што беше уценет за да ги прави сите отстапки  кон шарените, Заев, СДСМ?
  6. Зошто не беше употребена сила против демонстрантите што напаѓаа и повредуваа полицајци пред влада, рушеа се низ градот, што ја запалија канцеларијата на Претседателот, што ги уништуваа спомениците, фасадите…
  7. Со што и од кого беше уценет да прифати СЈО со 100-и-кусур вработени и буџет од 4 милиони, наместо како што стоеше во Пржинскиот договор ОБВИНИТЕЛ. Значи, еднина, еден човек.
  8. Кој, како и со што го уцени за да се повлече од местото премиер каде беше избран со големо мнозинство од народот?
  9. Со што и како, ама и од кого, беше притиснат да на двапати распуштеното Собрание и закажани избори (април и јуни) кои ВМРО ДПМНЕ убедливо ќе го добиеше, ги поништи. И надвор од уставот ги натера пратениците да се вратат во Собрание?!
  10. Кој му дозволил и дал мандат, и каде во неговите обемни изборни програми пишува, дека владата на ВМРО ДПМНЕ на клучните позиции ќе има министри и заменици министри од СДСМ? Кој го овластил да направи такво предавство? Кој го гласал ВМРО ДПМНЕ за Оливер Спасовски да биде министер во МВР?
  11. Како и по кој критериум ги бирал кандидатите за градначалници какви што се Митко Јанчев за Кавадарци, на пример?
  12. Које критериумот и чив е изборт за Зоран Јолевски да биде министер во неговата влада?
  13. По кој критериум за последните претседателски избори во САД, ВМРО ДПМНЕ направила милонска донација во кампањата на Хилари Клинтон, а не кај добитниот кандидат Доналд Трамп?
  14. По кој критериум ги бирал за пратеници Сашо Василевски, Љубен Арнаудов, Крсте Мукоски, Нола Исмаилова, Емилија Александрова, Елизабета Канчевска-Милевска, Зекир Рамчиловиќ, Илија Димовски? И дали овие пратеници пред да ги стави на добитните места го прочитале делот од изборните програми каде пишува: “ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи промена на Устав, а со цел промена на уставното име“.
  15. Зошто во калцијата “За подобра Македонија“ со години му беа Павле Трајанов и Лиле Поповска, и зошто на последните парламентарни во коалицијата му беа, и доботни места имаа Амди Бајрам и Јусуф Хасани?
  16. Како и зошто успеа да договри наместо докажани партиски кадри и патриоти, на добитните места да се двајцата предавници избрани од Стевче Јакимовски, пратениците Чедо Саздовски и Панчо Минов?
  17. Како на толкави магистратури и докторати од областа на економијата, при заминувањето “кеш собата“ во палатата ја оставил празна, а жиро сметката во дебел со-8-бројки минус (во евра)? Плус долговите што потоа пристигаа.
  18. Како тоа нивната (неговата и на Сашо Мијалков) судијка Добрила Кацарска, стана судијка на Зоран Заев?

Во интервјуто за Славица Арсовска, немаше прашања, а богами ниту одговори на овие најбитни теми што не‘ доведоа во ситуација да сме заробеници на фашистичкиот режим на Зоран Заев и Џес Бејли.

Немаше преземање на никаква одговорност за ова што нас сега ни се случува. Неговото бегство, прогон и азил во Унгарија е директна последица на дејанината набројани како непоставени и неодговорени прашања погоре напишани.

Тој едноставно, себе си не се смета за одговорен за ова во што сме сите ние, а и тој барабар со нас! Сите се виновни тој не! Барал на последните избори 61 пратеник, ние не сме му дале!!! Никогаш не одговори на прашањето што тој направи кога му дадовме 63 пратеника 2008-ма (СДСМ тогаш имаше само 27 пратеника!!!)?! Кога му ја дадовме можноста да има просто мнозинство во собранието.

Непреземање на одговорност, немање доблест за самоевалуација и смаокритика, е цезаровски или божји синдром. Тоа не се лечи.

Најодговорниот за пропаста на државата азилантот Никола Груевски не се чуствува одговорен!!! Бил неправедно осуден, вели?! Точно, пресудата за “Тенк“ а и другите дела произлезени од “бомбите“ не се по ниту една основа правни дела, ами обид за политички прогон. Многу пријатели од светот ме прашуваат за што е осуден, се обидувам да им објаснам. Не можат да разберат. Велат, неможно е ова да е судски процес.

Но, “Тенк“ е продукт на преговорите во Пржино, договорот од Пржино, на СЈО а не обвинител (во еднина), на неказнетите шарени, повлекување од закажани избори во април и јуни 2017-та, очајни кадровски решенија. “Тенк“ е продукт на катастрофалните одлуки на Никола Груевски за кој тој не сака да превземе одговорност.

Крајно, сметам дека Никола Груевски е осамен и напуштен во Будимпешта. Човекот кој едно десетлетие решавал за илјадници човечки судбини, сека нема контрола ниту врз својата. Не знае што да прави со себе. Нема работа, односно занимација. Не може да е активен на социјални мрежи. Движењето му е ограничено заради папараци. Контактите со Македонија се оладуваат. Чека време кога ќе биде неинтересен и за адмнистрацијата во државата каде е азилант.

Кога не си апсел – ќе си бидеш азилант.

Миленко Неделковски

Меѓу другото, и во име на сите што синојка ми се јавија, ги изнесоа овие  критики за интервјуто, ама немаат храброст да ги напишат кај себе на ФБ.

03.012.2109