ВЛАДАТА ЌЕ ФИНАНСИРА ИЗГРАДБА НА ДОМ ЗА ЛИЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ ВО КАВАДАРЦИ

0
472

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска беше во посета на Градоначалникот Митко Јанчев. Се разговараше за досегашната соработка помеѓу Министерството и Општина Кавадарци во делот на функционирањето на градинките и можностите за проширување на постоечките објекти, како и овозможување на подобри услови на дечињата од предучилишна возраст во селата Дреново и Сопот.

На средбата се разговараше и за изградбата на Домот за лица со посебни потреби кој веќе е дел од програмата на Владата, а во присуство на пензионери од Кавадарци, стана збор и за изградба на старечки дом и можностите за вклопување на Здружението на пензионери со содржини за нив.