ВЛАДАТА НА ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ЈА ПРОШИРИ ПОЗИТИВНАТА ЛИСТА НА БЕСПЛАТНИ ЛЕКОВИ, И ЌЕ ЈА ПОДОБРИ ДОСТАПНОСТА НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ УСЛУГИ ЗА СИТЕ

0
153

Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја прошири позитивната листа на бесплатни лекови, и ќе ја подобри достапноста на здравствените услуги за сите.

Со проектот на регионализација, што ќе значи добро кадровски и инфраструктурно опремени регионални болници ќе ги подобриме здравствените услуги низ целата држава.

Како врвен приоритет е изградба на Клиничките центри во Скопје и Штип, од кои вториот ќе биде регионален центар за тој дел од државата.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе иницира јакнење на капацитетите на итната медицинска помош. Граѓаните на секаде ќе добијат квалитетни услуги.

Заврши времето кога пациентите беа понижувани, а здравствениот кадар омаловажуван. ВМРО-ДПМНЕ ќе се насочи на ефективен и ефикасен здравствен систем. Здравството кое СДС и ДУИ го уништија ќе го обновиме.