ВЛАДАТА ИДНАТА СЕДМИЦА ЌЕ СВИКА СОСТАНОК СО ПРИВАТНИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ, ЈСП И ГРАДОТ СКОПЈЕ

0
441

Владата идната седмица ќе свика состанок со приватните превозници, Јавното сообраќајно претпријатие и Градот Скопје со цел да се информира за каков проблем станува збор. Ова денеска го посочи премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на која беше презентиран новиот Буџет на Министерството за 2023 година.

– Идната недела ќе собереме информации, да може да се информираме за каков проблем се работи и ќе бидат повикани сите три страни. Секаде каде што Владата може да помогне, во која било општина, без разлика од која политичка партија доаѓа градоначалникот, ние имаме обврска тоа да го направиме во рамки на можностите и надлежностите кои Владата ги има. Таков состанок очекувам да се случи и на него да се информираме за каков проблем се работи, бидејќи во моментов не знаеме, рече Ковачевски.