ВИСОКИ ФУНКЦИОНЕРИ НА ДПМНЕ СТОЈАТ ПОЗАДИ ИНЦИДЕНТОТ СО ТОДОРОВ

0
16107

Цело утро атентаторот го чекал екс министерот Никола Тодоров пред министерството за Здравство заедно со уште две лица, за кои вработени во министерството тврдат дека се членови на раководството на општинската организација на ВМРО-ДПМНЕ Велес.

Ги видовме како чекаат пред министетството. Мислевме дека се дел од новиот тим кој од денес ќе го преземат владеењето со оваа инситуција – велат за „ПДЊ“ вработените.

Во Тодоров пукаше 60-годишниот Љупчо Стојановски, кој е дедо на Малата Тамара која почина од запаление, а нејзината мајка ја немала однесено цела година на лекар.

Откако Стојановски, заедно со двајцата функционери на ВМРО-ДПМНЕ 4 часа го чекале Тодоров пред министерството, а тој не се појавиј, атентаторот заедно со потпомагачите се упатиле пред домот на екс министерот каде што ѕвонеле на врата.

Тој не се појавил, по што атентаторот заедно со двајцата потпомагачи се упатил, повторно пред министетството каде што пукал во 12 часот. Веднаш по пукањето двајцата потпомагачи побегнале, а нема информација дали полицијата трага по нив.

Неофицијално, двајцата потпомага неколку дена го наведувале старецот да го стори делото. А пиштолот е сопственост, со дозвола со име и презиме, на еден од нив инаку функционер на ВМРО-ДПМНЕ Велес. Многу е веројатно, е дека тие од Велешкото село Канатларци утринава го донеле старецот во Скопје.