ВИЛМА ПО СТАПКИТЕ НА КАТИЦА, ЗА САМО ЕДНА НЕДЕЛА И НАНЕСЕ ГОЛЕМ СРАМ НА ДРЖАВАТА, МОЌТА ДА УНИШТИШ ЛУЃЕ ТИ ГО УНИШТУВА УМОТ, ПРОСТО ЗАБЕГУВАШ МЕНТАЛНО, ВЕДНАШ ДА СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА!

0
1197

ОЈО самото наоѓа дека Вилма ги прекршила сите процедури за упадот во финансиска полиција.

И што прави Вилма наместо да се извини што лично што јавно? Вреска јавно до амбасадите и ја обвинува владата за хајка?!?! Па добро бе човече, ова е тотално лудило!!!

Моќта да уништуваш човечки животи преку ноќ со само еден прес, да затвораш во зандани да затвораш компании да конфискуваш се што некој стекнал изгледа на долг рок го разорува умот на човека, збудалува, забегува човек од таа невидена моќ!

Секој ден да договараш милиони евра заплена, колку колку да лежи, кој да одговара, тоа боговско одлучување за човечките судбини и ја разорило психата на Вилма Русковска овие неколку години па мисли дека може да гази по луѓе и институции и никој ништо не и може?!?!

Толку многу потсетува на Катица Јанева што е просто неверојатно!

За само една недела и нанесе огромен срам на земјата која е на пат да стане членка на ЕУ и ваквото однесување на шефицата на главното институционално тело за гонење организиран криминал е скандалозно и недозволиво. Таа жена покажа дека е НЕПРЕСМЕТЛИВА а тоа е многу опасно да имаш таков човек на таква позиција каде треба да се мери во милиметри и мили секудни и да се брои до 1000 пред да се повлече потег или да не се повлече потег!

Пишува, Саше Ивановски – Политико, главен и одговорен уредник на порталот Мактел.МК