(ВИДЕО) Смилеска: Обезбедуваме државна социјална пензија за сите лица над 65 години

0
1414

Имаме план и мерки да ги извлечеме граѓаните од сиромаштијата во која ги втурна криминалната власт на Никола Груевски.

Обезбедуваме пензија за секого!Тоа значи, државна социјална пензија за лица над 65 години кои ги немаат остварено условите за пензија, а живеат над 20 години во Македонија, рече денеска во Прилеп Кети Смилеска, кандидат за пратениј на Колаицијата на СДСМ во Изборната единица 4.

-Секое четиричлено семејства кое живее во сиромаштија и не остварува никаков друг приход ќе добива 12.000 денари месечно.
Семејствата со приход под 12.000 денари, ќе ја добиваат разликата од оваа мерка. На пример, ако во семејството влегува приход од 4.000 денари, државата ќе помогне со уште 8.000 денари плус – рече Смилеска.

Таа најави дека коалицијата ќе го запре сомнителното и незаконско доделување на социјални станови, како што е случајот со Прилеп.

-Станови ќе добиваат исклучиво лицата кои навистина ги исполнуваат законските услови.Социјалните станови ќе прераснат во колективни станбени заедници каде што ќе бидат сместени сите ранливи категории граѓани кои имаат потреба од дом. Воведуваме социјална дебитна картичка – Солидарност. Нашата цел е да се намали стапката на сиромаштија под 16% до 2020 година. Тоа и ќе го направиме! – Смилеска.