(ВИДЕО) ВЛАДИКАТА АГАТАНГЕЛ СЕ ПОСРАМОТИ ПРЕД ВЕРНИЦИТЕ И ПРЕД МПЦ – СО ЦЕЛИОТ МОЗОК ПОД ВО ТОА ЛЕЈКАТА ГО ПОВИКА БОГ ДА МУ ПОМОГНЕЛ НА МИЦКОВСКИ ДА ЈА СПАСИ МАКЕДОНИЈА ОД СДСМ?!

0
1669

Денот кога црвите и мувите требаше да се проколнат за да лозјата родат добро, во Тиквешијата  се претвори во ден за политички пресметки и повикување на Исус Христос да ја помогне политичката битка во земјата.

Владиката Агатангел уште еднаш ја стави својата црковна мисија во функција на политиката. Во придружба на градоначалникот Митко Јанчев, лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски и други свештени и цивилни лица, прво побара „ова свето место“ да се исчисти од муви и оси за да даде добар род, а потоа повика Божја помош и за партискиот лидер кој го придружуваше во закројувањето на лозјето.

Владиката Агатангел ја извалка и мантијата и црквата, реагираше министерот Горан Милевски, кој овие зборови ги слушна на лице место како учесник во одбележувањето на празникот.

Во овој момент, МПЦ останува без коментар. Портпаролот, Владиката Тимотеј, одговори кусо дека Синодот не заседавал по ова прашање и дека не може да коментира нешто што не го слушнал.

Извор : Телма.МК