(ВИДЕО) БУГАРСКИОТ ПЕТКОВ ВО ВИДЕО ОБРАЌАЊЕ : ОСТАНУВАМ ОПТИМИСТ ЗА ДИЈАЛОГОТ СО МАКЕДОНИЈА, ЗАЕДНО МОЖЕМЕ ПОВЕЌЕ

0
592

Бугарскиот премиер на 18 јануари (вторник) треба да допатува во Скопје во прва посета по стапувањето на функцијата. Неговото доаѓање ќе биде непосредно по изборот на новата Влада во Скопје предводена од Димитар Ковачевски

Меѓу темите за кои треба да разговараат двете држави, Петков првпат лично ги споменува правата на Бугарите во Северна Македонија, покрај веќе посочените: заедничка инфрастуктура, заеднички календар на културни настани, историја, евроинтеграција…

Бугарскиот премиер, Кирил Петков, преку видео-обраќање по вчерашната седница на Консултативниот совет за национална безбедност, најавува дека во наредните неколку месеци помеѓу двете држави ќе се води дијалог преку кој, според него, може да се постигне многу повеќе отколку што е постигнато изминатите неколку години.

Меѓу темите за кои треба да разговараат двете држави, Петков првпат лично ги споменува правата на Бугарите во Северна Македонија, покрај веќе посочените: заедничка инфрастуктура, заеднички календар на културни настани, историја, евроинтеграција…

Во обраќањето тој се осврнува на вчерашната средба на Консултитативниот совет за национална безбедност што ја свика претседателот Румен Радев, на која, како што вели Петков, потврдена е постојната бугарска позиција, но утврден е и нов старт на дијалогот помеѓу двете држави.

„Со тој нов почеток треба да разговараме за важни теми за двете страни, како правата на Бугарите во Северна Македонија, како и за заедничка инфраструктура, заеднички културен календар, евроинтеграција и историја. Само со труд и напорна работа можеме да постигнеме брз напредок во нашите односи. Се надевам дека нашите соседи и нашата делегација во сите области ќе може да постигнат вистински напредок. Уште овој месец ќе отпатувам во Северна Македонија. Прво, затоа што е наш ред, но поважно – затоа што сакаме да покажеме дека низ конструктивен дијалог можеме да направиме многу повеќе од тоа што е постигнато последните неколку години. Заедно можеме повеќе“,

порачува Петков во видео-обраќањето.