ВЕСНА БЕЈБЕ СИГУРНО МИСЛИ ДЕКА АРСОВСКА И ГО РОКНАЛА ФЕЈСБУК ПРОФИЛОТ : ПЕТРУШЕВСКА – ,,КОГА ОБЈАВИВ ЗА КАСТРЕНИТЕ ДРВЈА НА ДАНЕЛА МИ ГО ХАКНАА ПРОФИЛОТ, НЕ ЗНАМ ДАЛИ Е СЛУЧАЈНО”

0
576

„Кога напишав за паднатите дрвја што ги „кастри“ Данела Арсовска ми го кахнаа фејсбукот од и од тогаш немам фејсбук, но користам инстаграм и тик ток“ , ова во гостувањето во „Еден на еден“ го откри Весна Петрушевска.

Во гостувањето во шоуто таа говореше за семејството и за својот приватен живот. Откри дека била приврзана со својот татко, кој после неговата смрт многу и недостасува.

Сподели детали за разводот и односот со поранешниот сопруг.

„Кога се разведуваш е исто како си болен, луѓето бегаат за да не ги префати. Но, вистинските пријатели се уште тука и понатаму остануваат.  Разводот по смртта е еден од најтрауматичните работи што можат да ти се случат. И, доколку ме прашаш сега, никогаш не би се омажила во иднина“, откри Петрушевска.

Говорејќи за животот и работата таа потенцираше дека мора да се обидеме да оставиме нешто во животот и нагласи дека нејзиното наследство се децата кои секојдневно ги едуцира.