БУГАРСКИОТ ПРЕМИЕР ГИ ПОТОПИ ВМРОВЦИТЕ СО СТУДЕН ТУШ НА МИНУСНА ТЕМПЕРАТУРА – КИРИЛ ПЕТКОВ : БУГАРИЈА ЌЕ ПРЕСТАНЕ СО ПОПРЕЧУВАЊЕТО НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА НА ПАТОТ КОН ЕУ

0
2583

Новата бугарска влада составена од министри од четири партии, предводена од Кирил Петков, ќе ѝ предложи на Северна Македонија нов процес, во многу ограничен временски период од шест месеци, за да се одблокира нејзиниот пат кон ЕУ. Тоа ќе подразбира формирање неколку работни групи.

„Ќе престанеме со попречувањето на Северна Македонија за членството во ЕУ“, рече Петков во интервју за „Фајненшел Тајмс“, пренесува бугарската бТВ.

Новиот бугарски премиер исто така рече дека Бугарија повеќе нема да биде „лошото дете“ во ЕУ и нАТО.

„Повеќе нема да бидеме лошото дете во магарешката клупа во училницата на НАТО и ЕУ. Ние сме од правата страна на политиките“, посочи тој.

Петков вчера ја презеде функцијата од техничкиот премиер Стефан Јанев, а неговата влада денеска ќе ја одржи првата седница,

Според него, процесот за надминување на спорот со Северна Македонја би траел само шест месеци и треба да доведе до подигање на бугарското вето.

„Во македонските учебници Бугарија не треба да се нарекува фашистичка“, порачува Петков, мислејќи на периодот на Втората светска војна и бугарската окупација.

Петков предвидува формирање работни групи кои би дошле до решенија во различни области.

„Ќе ги поставиме дикусиите со Северна Македонија на нова основа. Ќе користиме работни групи за да бараме решенија за прашања како заедничка економска активност, инфраструктура, култура и историја“, вели новиот бугарски премиер, пренесува бТВ.