БУГАРИЈА ИСПРАТИ ЧОВЕК ВО СТРУГА КОЈ ЌЕ ПРОВЕРИ ШТО ТОЧНО СЕ СЛУЧИЛО СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА БУГАРСКОТО ЗДРУЖЕНИЕ „ШЕМЕТО“

0
610

Бугарското Министерство за надворешни работи добило информација за нападот извршен денеска врз претседателот на здружението на Бугари во Македонија – „Шемето“, Бекир Кадриески во Струга.

Вработен во Генералниот конзулат во Битола е испратен во Струга со цел да се расчистат фактите околу случајот и да се утврди дали нападот е резултат на кривично дело од омраза.

Оттаму посочуваат дека според првичните податоци, жртвата добила лекарска помош и е примена во локалната болница.

Кадриески, за „Нова.бг“ изјавил дека го нападнало непознато лице во градот Струга. Тој тврдеше дека добил навреди дека е „валкан Бугарин“.
Македонската полиција го потврди инцидентот. Напаѓачот според нив МВР е од Велешта. На почетокот на годинава во Охрид, три лица го нападнаа Христијан Пендиков, по што односите меѓу двете држави малку се заострија. Бугарија со владин авион го однесе Пендиков на лекување во бугарскиот главен град Софија. Тој ќе остане таму, а како што најави ќе студира.