БОЈМАЦАЛИЕВ : СО СПЕЦИЈАЛНИ ВОЗИЛА И НОВИ ПЛОВНИ ОБЈЕКТИ ЗА НАДЗОР ГАРАНТИРАНА БЕЗБЕДНОСТА НА ЈУЖНАТА И ЗАПАДНАТА ГРАНИЦА

0
202

Денеска (22.03.2024) дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски беше во работна посета на Ресен каде што по средбата со раководството на ОВР Ресен, оствари средби и со раководствата на полициската станица за граничен надзор „Маркова нога” и полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Стење”, во рамки на серијата посети што ги реализираме во сите сектори ширум земјава како би се запознале одблиску со постигнатите резултати и секојдневните работни активности, но и со евентуалните проблеми во рамки на работниот процес.

Од страна на раководствата на овие две организациски единици при МВР, Бојмацалиев и Тасевски беа брифирани за поволната безбедносна состојба на македонско-грчката и македонско -албанската граница,особено за зелената граница која тие ја обезбедуваат.

„Со задоволство можам да информирам дека од страна на ракововодството на полициската станица ,,Маркова нога” немаме регистрирано кривични дела во овие два месеца, а 2023 беше завршена со пет кривични дела во делот на бесправна сеча на шуми. Во однос на Полициската станица за граничен премин и граничен надзор ,,Стење ”, Бојмацалиев беше брифиран за намалениот проток на патници на јужната граница, а беше упатена и благодарност за набавката на глисер со кој се олеснува надзорот над Преспанското Езеро. Воедно беше истакнато дека и двете организациски единици имаат добра меѓусебна соработка,а одлична е соработката и со ОВР Ресен, како и тоа дека постапуваат по заеднички планови на СВР Битола, РЦ Југ и Запад.

Меѓу другото, стана збор и за планот за реконструкција на двата објекта, со цел обезбедување подобри услови за работа, а со тоа и повисоки резултати. Во делот на опремување, сите регионални центри за гранични работи се опремени со специјални возила за надзор во вредност од 10 милиони евра, а во наредниот период се очекуваат и 8 дрона, по два за секој РЦ.