БОМБА НА ТЕЛМА : ЗА ДА ГО ОПРАВДА НЕДАВАЊЕТО ПРИТВОР, КРИВИЧЕН ГО „ИСКАСАПИ“ ЗАКОНСКИОТ СТАВ ЗА ГРУПАТА НА НЕЗИРИ

0
433

За да ги оправда одлуките да не им определи притвор на 4-цата кои не избегаа по упадот во кулата за летање, Кривичниот суд направил своја верзија на членот 303 став 2 по кој се гони групата предводена од функционерот на ДУИ, Беким Незири, анализира Телма.

Судот во своето соопштение си го скратил членот и го извадил најбитниот дел на квалификација и наведената минимална со закон предвидена затворска казна.

Во Кривичниот законик, член 303 став 2 гласи:

Тој што ќе изврши дело со кое ја загрозува или може да ја загрози безбедноста на аеродром за меѓународeн воздушен сообраќај со користење на уред, материја или оружје, незаконски и со намера да изврши дело на насилство против лице на аеродром за меѓународен воздушен сообраќај со кое предизвикува или може да предизвика тешка повреда или смрт, или да уништи или оштети уреди, објекти или воздухоплов кој не е во сообраќај, а е лоциран на аеродром за меѓународен воздушен сообраќај или ги попречува услугите на аеродром за меѓународен воздушен сообраќај, ќе се казни со затвор од најмалку пет години.

Но, во соопштението на судот, го нема токму болдираниот дел од членот кој ги опишува активностите на групата при упадот во М-НАВ за што беа осомничени 8-мина. Не е посочено делото „ги попречува услугите на аеродром за меѓународен воздушен сообраќај“.

Од судот засега нема објаснување кој и зошто го искасапил членот по кој се гонат 8-мина во соопштение за да ја оправда одлуката на судиите Пајазити и Крстиќ за недоделување притвор по барањето на обвинителството.

Од друга страна, судот во истото соопштение ги поврзува медицинската документација на нападнатиот контролор со состојбата на македонското небо, односно оценува дека бидејќи нема исказ од нападнатиот не може да се помине на делото загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај.