Премиерот Зоран Заев кажа дека на лидерската средба било договорено предвремените парламентарни избори да се одржат на 12 април 2020 година.
Тој кажа дека претходно ќе има техничка влада од 100 дена.
Како што кажа тој, предлогот од СДСМ бил на 22 или 29 декември да се оди на избори, но дека имало реакции дека со тоа не би имало техничка влада од 100 дена, па се зборувало за повеќе термини во текот на март и април, па го утврдиле овој термин, меѓу другото и поради тоа што тоа е на една недела пред православниот Велигден (кој е на 19 април), но и пред започнувањето на рамазанскиот пост (кој започнува на 23 април).