БОМБА НА ЗАЕВ: АЈДЕ СЕГА ЧУЛЕВ ДА ГИ ПОВИКА МИЦКОВСКИ И КАМЧЕВ НА РАСПИТ, КАКО ШТО ГО ПОВИКА ДЕН ДОНЧЕВ!

0
1405

Откако Министерството за внатрешни работи го повика поранешниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев да даде изјава за снимката со парите којашто беше објавена, лидерот на СДСМ, Зоран Заев очекува МВР да ги повика на разговор и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и бизнисменот, Орце Камчев.

Повикот на Дончев во полиција, за Заев е само политички маркетинг на министерот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада, Наќе Чулев. Вели дека за Дончев Обвинителството води предистражна постапка за „Дијамед“.

-Јавното обвинителство даде соопштение дека постои таква предистражна постапка, а начинот на којшто Чулев сака тоа да го прикаже е нешто кое што дефинитвно е поради политички цели оти Обвинителството дава налог некој да биде повикан да биде изведен пред истражен судија или слично. Чулев го прави тоа заради политички маркетинг. Ама сега кога веќе тргнаа со овие аршини да го викнат и Мицкоски , да го викнат и Орце Камчев по истите аршини, исто како што го направија тоа со Ден Дончев, рече Заев.

За новите снимки со Мицкоски кои беа објавени утрово, Заев вели дека најверојатно ги снимал некој што присуствувал на тие разговори. Исклучува секаква можност, овие разговори да ги објавува некој од СДСМ.