БОМБА – АХМЕТИ СЕ ОТКАЖУВА ОД ИДЕЈАТА ПРЕМИЕР АЛБАНЕЦ, НА ДЕНЕШНАТА СРЕДБА СО КАСАМИ ОД БЕСА ЗА ТОА НЕ СТАНАЛО НИ ЗБОР!!!

0
1045

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска остварил средба со претседателот на Движењето „Беса“, Билал Касами. Ахмети на својот „Фејсбук“ профил откри за што разговарале со Касами.

– По минатонеделниот телефонски разговор, денес во Скопје се сретнав претседателот на Движењето „Беса“, г. Билал Касами – вели Ахмети во објавата на „Фејсбук“.

Тој додава дека со Касами ја оцениле реализацијата на предвремените парламентарни избори на 15 јули и заеднички ги поздравуваат афирмативните оценки на меѓународната заедница и особено на ОБСЕ / ОДИХР.

– За време на конструктивната средба, се согласивме да ги продолжиме нашите напори за евроатлантскиот пат на земјата, како и долгоочекуваните реформи кон владеењето на правото преку развивање на отворен и континуиран дијалог – истакнува Ахмети.

Лидерот на ДУИ додава дека се надева во наредните денови дека ќе оствари работни состаноци со лидерите на албанските опозициски партии во интерес на граѓаните на нашата земја.