БЛАГОЈ БОЧВАРСКИ : ЗАПОЧНА ПРОБИВАЊЕТО НА ТУНЕЛОТ НА ЕКСПРЕСНИОТ ПАТ ГРАДСКО – ПРИЛЕП

0
997

Градиме со полна пареа, започна бушењето на тунелот на експресниот пат Градско – Прилеп.

Заедно со директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, и заменик директорот на ЈПДП, Благојче Трпевски, денеска извршивме увид на изградбата на експресниот пат Градско – Прилеп.

Тунелот е составен од две цевки и тоа тунелот во правецот кон Прилеп и тунелот кон Градско.

Градежните работи течат со силно темпо и се очекува овој тунел да биде завршен кон средината на 2022 година.

Како Влада покажавме како посветено се работи на реализација на капиталните проекти кои се од суштинско значење за економскиот развој на државата и подобрување на животот на граѓаните.

Продолжуваме со уште позасилено темпо, со нови проекти за граѓаните и за просперитетна држава.