БИТИЌИ : 61 ПРАТЕНИК БАРАШЕ И ЕДЕН ДРУГ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ВМРО-ДПМНЕ КОЈ ЈА НАПРАВИ ДРЖАВАТА ЗАРОБЕНА, НА КРАЈ ЗНАЕМЕ КАДЕ ЗАВРШИ

0
442

„61 пратеник бараше и еден друг претседател, којшто на крај знаеме каде заврши. Истиот тој претседател ја направи државата заробена затоа што алудираше на таков начин на владеење за да не биде уценет ама да биде во можност да ги уценува сите и да ги контролира сите. Тоа е типичен начин на владеење на таа партија и на нивната матрица“, изјави потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи на „24 Анализа“ на Телевизија 24.

Тој додаде дека тој не калкулира со бројки во однос на бројот на пратеници во новата владата и додаде дека СДСМ докажало дека има коалициски капацитет и дека ќе го предводи европскиот фронт.

„Европскиот фронт на крајот на денот ќе биде победник на следните избори и ќе ја формира следната влада којашто ќе владее до 2028 година и ќе донесе државата на праг на членство во ЕУ со затворени над 80 проценти од поглавјата. Оставам да ги видиме резултатите на 8 мај навечер“; заклучи Битиќи.