БИТИЌИ: ИНФЛАЦИЈАТА ПАЃА, МЕРКИТЕ ДАВААТ РЕЗУЛТАТИ

0
522

Фатмир Битиќи – Вицепремиер задолжен за економски прашања и инвестиции, на фејсбук направи анализа на економската состојба во земјава.

„ Економските политики за зачувување на животниот стандард на граѓаните покажуваат резултати. Официјалните податоци од државниот завод за статистика ги потврдуваат нашите заложби и прeземени чекори за намалување на инфлацијата и зголемувањето на платите во нашиот мандат.

Инфлацијата за месец мај 2023 е на ниво од 11,3% споредено со истиот месец од 2022 година, но трендот на намалување на инфлацијата е очигледен, од 19,8% во октомври 2022 година на 11,3 % за претходниот месец.
А од друга страна го имаме растот на платите кој за првите три месеци се движи во интервалот од 12,4% до 13,2% повисока просечна плата споредено со истиот период од 2022“ напиша тој.