БИТИЌИ ЗА КАНАЛ 5 : СОЗДАВАМЕ ПРЕДУСЛОВИ ПЛАТИТЕ ВО ЈАВНИОТ И ПРИВАТНИОТ СЕКТОР ДА РАСТАТ

0
459
„Секој вработен во јавен сектор, како и во приватен сектор заслужуваат достоинствени плати за работните места на кои што работат. Во приватниот сектор не можеме да ги дефинираме платите, но креираме предуслови за платите да растат, и тоа е со минималната плата, што е еден механизам со којшто поттикнуваме да има раст на плати“, рече заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи во емисијата „Само Вистина“, која се емитува на телевизија Канал 5.
Вицепремиерот Битиќи посочи дека платите во приватниот сектор од просечна плата од околу 22.400 денари во 2016 година се имаат зголемено на 36.300 денари.

„Во јавниот сектор ситуацијата многу се подобри од тоа што го затекнавме во 2016 година, секако сосема ги разбирам барањата на вработените во јавниот сектор, во сите сектори, и година дена расправавме за општиот колективен договор којшто се носи после 18 години“, рече вицепремиерот Битиќи, притоа потсетувајќи дека во овој период ниту една Влада не сакала да зборува за општ колективен договор.
Тој посочи дека одредени центри стимулираат одредени кругови да не го прифатат решението за платите со општ колективен договор во јавниот сектор, каде платите се регулираат со преку 200 закони или подзаконски акти.

„Во јавен сектор во којашто веројатно секоја трета институција има различен начин на дефинирање на плати, за првпат од независноста ние стигнавме да имаме системско решение за платите во јавниот сектор, методологија како ќе се пресметуваат и како ќе растат платите секоја година почнувајќи од 2025 година. Почнувајќи од септември 2023 година, секој еден вработен во јавен сектор ќе знае точно што е очекувањето по однос на платата и кој е максимумот којшто може да го постигне, дури и помладиот референт којшто ќе почне, ќе знае која е основата и каде може да стигне како помлад референт, а ако напредува во кариерата која е максималната плата што може да ја постигне. И знаеме дека имаше реакции дека тоа не ги следи и ќе биле пониски платите отколку во приватниот сектор, па тоа е логиката, никаде во ниедна земја немате плати во јавниот сектор повисоки од приватниот сектор“, рече вицепремиерот Битиќи.