БЕНДЕВСКА ДО ПЕТРОВСКА : КОГА СЕ НАОЃАШ ДО ГУША ВО ЖИВА КАЛ ПОДОБРО Е ДА НЕ ПРЕТАШ, БИДЕЈЌИ ЌЕ ПОТОНЕШ

0
653

Пратеничката Весна Бендевска која порано беше од СДСМ, а сега е пратеничка од ЗНАМ, коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ, на поранешната сопартијка Славјанка Петровска која го критикуваше експозето на идниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и порача „кога се наоѓате до врат во жива кал, подобро е да не претате, за да не потонете“.

Таа ја праша Петровска дали го познава Драги Рашковски и дали токму тој и бил констулант кога ја правела зделката за набавката на хеликоптерите со „Леонардо“, неговата омилена италијанска фирма.

-Го познавате ли Драги Рашковски, освен што сте му верни до гроб на вашиот политички газда, Зоран Заев. Вие бевте дел од најнеуспешната, најкриминогената и најантинародната влада предводена од Димитар Ковачевски, односно од Зоран Заев, односно од Артан Груби, рече Бендевска.