БЕКТЕШИ ЗА МУЦУНСКИ : НЕКА СЕ ПРАВАТ ХУМАНИТАРЦИ, АМА „ПОТИВКО“

0
479

Ако некој функционер сака отпосле да ја донира својата зголемена плата, нека го прави тоа „потивко“, а не да се фали на цел глас дека е хуманитарец, поентираше министерот за економија Крешник Бектеши, откако дел од политичарите се пофалија дека ако им се зголемат платите ќе ги даруваат во хуманитарни цели.

Јас сум само еден член на Владата, но било која одлука да ја донесе Владата ќе ја почитувам – рече Бектеши на прашањето дали Владата ќе донесе нова одлука со која ќе ги замрзне платите на именуваните функционери, кои согласно последната одлука на Уставен суд треба да добијат покачување на платите од 78 проценти.