На денешната прес конференција во седиштето на СДСМ Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ рече дека кандидатката за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска лаже.
Петровска рече дека покрај Данела, бугарско државјанство има и нејзиното семејство.
Таа рече дека бугарска лична карта има и нејзиниот сопруг Ангел Арсовски, сопруг на Арсовска, кој исто така има бугарска лична карта, издадена на 3 април 2017 година и се уште е важечка.
-Госпоѓо Арсовска со лаги ја започнавте, кандидатурата, со лаги ја започнавте кампањата. Не сте независна, ѝ порача Петровска на Арсовска.