АРТАН ГРУБИ : БЕХТЕЛ И ЕНКА САМИ ГИ БИРААТ ПОДИЗВЕДУВАЧИТЕ КОИ СЕ 48 НА БРОЈ ОД КОИ 47 СЕ МАКЕДОНСКИ КОМПАНИИ

0
434
  • Ниту во ,,БЕХТЕЛ и ЕНКА” ниту во било кој случај јас не бирам ниту подизведувачи ниту изведувачи затоа што немам таква улога. ,,БЕХТЕЛ и ЕНКА имаат построга процедура и критериуми од државата за избор на подизведувачи. Менаџерот на проектот вчера ме извести дека има 48 подизведувачи од коишто 47 се македонски, локални и државни компании меѓу кои и ,,Еуровиа”.

    Но ниту ДУИ ниту јас ниту господинот Ахмети немаме никаков удел, никаков контакт и никаков придонес на еден таков гигант како што е ,,БЕХТЕЛ и ЕНКА” или па да имаме можност да влијаеме врз изборот на подизведувачите. Сите компании треба да добијаат можност да работат за ,,БЕХТЕЛ и ЕНКА”, таму има над 2 000 работни места.

Вицепремиерот и првиот потпретседател на владата, Артан Груби во интервју за Канал 5.