АРСОВСКА:ЈАВНОСТА МОРА ДА ГИ ЗНАЕ ИГРИТЕ ОКОЛУ НАВОДНИОТ ХАОС ВО ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ ВО СКОПЈЕ

0
372

На почеток дозволете ми да ги демантирам лажните вести од изминатите денови, за кои и покрај тоа што појаснивме кои се предизвиците, очигледно е неопходно детално појаснување за да се прекине со манипулациите кои поединци ги пласираат во јавноста со цел заштита на својот приватен личен интерес.

Јавноста сепак, мора да ги знае вистинските причини за привидот за наводен „хаос“ во сообраќајот, кој некој со намера го предизвикува, а таа намера денес ќе ја откриеме и разобличиме.Ќе се обидам системот на функционирање да го објаснам во најсимплифицирана форма.

ЈСП Скопје склучува договори со приватните превозници, во случајот „Макекспрес“ и „Слобода Превоз“ врз основа на кој ЈСП има обврска на приватните превозници да им исплаќа по едно евро а сега по зголемување на дериватите по 1,5 евра по извозен километар. Оваа обврска месечно чини околу 24 милиони денари, но, од оваа сума треба да се одбие сумата која приватните превозници ја оствариле од продажба на билети за возење.

Приватните превозници, согласно член 5 од нивинот договор, имаат обврска продадените билети да ги потврдат со фискална сметка, и да ги валидираат во интегрираниот систем со ЈСП Скопје. Кога ќе го направат тоа, од вкупната сума која ЈСП Скопје ја должи за извозен километар, се одбива сумата која од продадени билети ја оствариле приватните превозници.

Жалам што ќе ги разочарам, но, ниту јас, ниту градот Скопје, ниту ЈСП нема да бидеме сојузници во криминал кој траел од 2017 година.

Имено, евидентно од аналитичките картички со кои е евидентирано финансиското работење кое произлегува од договорот со приватните превозници „Макекспрес“ и „Слобода Превоз“, истите од 2017 година, се до овој момент немаат пријавено продажба на НИТУ ЕДЕН БИЛЕТ во своите автобуси иако пријавувале дека возеле околу 400.000 километри месечно.

Ова го пресметувале по едно евро за извозен километар, а потоа го фактурирале на ЈСП. Или наједноставно Слобода превоз и Макекспрес наплаќале билети, тие пари не ги пријавувале и ги ставале во џеб, а потоа фактурирале и 400.000 евра од ЈСП Скопје секој месец.

Оваа „шема“ трае цели пет години.Како што може да се види од аналитичките картички, доказ дека ова се случувало е фактот што тие од 2017. Година НЕ добавиле билети од ЈСП Скопје кои потоа ги продаваат на патниците. Од 2017 Година Слобода превоз и Макекспрес НЕ ПРИЈАВИЛЕ ниту еден продаден билет во ЈСП Скопје, иако за билети наплаќаат од патниците.