АНТОЊО МИЛОШОСКИ И ВМРОЈНИ НА АПАРАТИ : ЦЕЛОСНО НЕОСНОВАНА И ЛАЖНА Е ВЕСТА ДЕКА ХОЛАНДИЈА ДАЛА ПОДДРШКА ЗА БУГАРСКОТО ВЕТО, ВЕЛАТ ОД ХОЛАНДСКАТА АМБАСАДА

0
1035

Холандската амбасада во Скопје вели дека се целосно неосновани и лажни вести известувањата во некои медиуми дека Холандија ѝ дала поддршка на Бугарија во блокирањето на преговарачката рамка за почеток на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ.

Од амбасадата за САКАМДАКАЖАМ.МК потсетуваат дека „на 30 октомври 2020 година, владата на Холандија го информира холандскиот парламент за својата одлука дека првата меѓувладина конференција за Северна Македонија може да се одржи. Овој став останува, се разбира, непроменет. Холандија сметаше и сѐ уште смета дека Северна Македонија има постигнато добар напредок и дека меѓувладината конференција може да се одржи веднаш штом се усвои преговарачката рамка“.

Веста ја објави бугарскиот весник „24 Часа“, повикувајќи се неименувани дипломатски извори од Брисел, а го цитираше и Фејсбук статусот на обвинетиот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски, кој, исто така, се повика на неименувани дипломатски извори во Брисел, тврдејќи дека две земји членки на ЕУ ја поддржуваат Софија.

Потоа веста беше преземена од десетици македонски медиуми и излезе ударно на агрегаторите за вести.

Извор : СДК.МК