Американската амбасадорка Брнз во работна посета на „Алкалоид“

0
815

Делегација од Амбасадата на САД предводена од амбасадорката Кејт Мери Брнз оствари работна посета на „Алкалоид“ АД Скопје, информираа денеска од компанијата.

За време на посетата, велат од „Алкалоид“, високите дипломатски претставници биле запознаени со резултатите од работењето на компанијата, нејзините пласмани и производните операции, а биле презентирани и инвестициите кои „Алкалоид“ континуирано ги реализира низ годините, како и извозните активности.

Акцентот на посетата бил ставен на долгогодишната успешна соработка на компанијата со Соединетите Американски Држави, каде ,,Алкалоид АД“ Скопје во 2005 година основаше своја подружница со седиште во Њу Олбани, Охајо.

На ваквиот деловен потег, додаваат од „Алкалоид“, му претходела успешна деловно-техничка соработка со реномирани компании од САД, трасирани пред повеќе од 5 децении.

Во моментов, „Алкалоид“ е партнер од избор на неколку реномирани американски фармацевтски компании со кои има различни форми на соработка, како лиценцно производство, маркетиншко застапување и авторизации за дистрибуција на нивните производи.