Амди Бајрам во претседателската кампања ќе дели шишиња „Амди-кола“

0
1235

Еден од претендентите за претседател на Македонија, Амди Бајрам во вечерашното гостување на телевизија 24 извади шише Кока-кола со неговиот лик.

-Јас сум многу јак, имам поддршка од Македонците, од Албанците. Јас да ги убедувам?Самиот народ ќе си се потпишува за мојата кандидатура. Бренд си е бренд, нема што тука, рече Бајрам и извади шише со неговиот лик.

Тој појасни дека вакви шишиња веќе се штампаат, само немало да бидат Кока-кола, туку Амди-кола.