Амди Бајрам ШОУ: Подобро ќе беше ВМРО-ДПМНЕ мене да ме избере за лидер, отколку Мицкоски

0
1078

Еден од најавените кандидати за претседател на државата, Амди Бајрам во вчерашното гостување на телевизија 24 рече дека тој ја прекинал коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи си заминале Никола Груевски и Сашо Мијалков.

-СДСМ си ја преземаа власта, видов дека ВМРО-ДПМНЕ почна да тоне. Груевски и Мијалков си заминаа и јас немав со кого да соработувам во таа партија. Подобро ВМРО-ДПМНЕ мене да ме одбереше за претседател него Мицкоски, побрзо ќе го извадев од кал. За мене тој не е лидер, јас сум многу поискусен од него. Ако Груевски останеше во ВМРО-ДПМНЕ, јас ќе останев со нив, вели Бајрам.