АГЕЛЕР СЕ СРЕТНА СО СПИКЕРОТ НА СОБРАНИЕТО АГРИМ ГАШИ, ОСТАНУВААТ И ПОДДРШКАТА И БАРАЊАТА НА САД

0
57

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оствари средба со Ангела Агилер, амбасадорка на САД во Република Северна Македонија при што ги поздрави долгогодишните и силни билатерални односи меѓу двете држави и потоа ја нагласи важноста од одржување и натамошно зајакнување на овие односи кои се од заеднички интерес на двете земји.

Тој изрази благодарност, во име на државата, за континуираната поддршка што САД ја даваат на Република Северна Македонија што високо се цени во земјата. Силен столб во билатералната соработка претставува Декларацијата за стратешко партнерство меѓу Република Северна Македонија и САД од 2008 година како и Стратешкиот дијалог меѓу двете влади од 2022 година.

Претседателот Гаши истакна дека е многу важна улогата на Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави во промовирање на регионалната стабилност и соработка меѓу земјите од Западниот Балкан. Во тие рамки тој информираше дека Собранието на Република Северна Македонија претседава со Парламентарното Собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа и од 18 до 20 јуни 2024 година во Собранието ќе се одржи 11-та Пленарна сесија на Парламентарното Собрание на Процес за соработка во Југоисточна Европа што претставува уште еден знак на посветеност на земјата за продлабочување на регионалната соработка.Тој изрази благодарност за континуираната и силна поддршка на Соединетите Американски Држави за напорите на Република Северна Македонија за евроатланска и европската интеграција, како и за значајната поддршка за унапредување на политичките процеси во земјата.

Амбасадорката Агилер се заблагодари за средбата и истакна дека Собранието на Република Северна Македонија е една од најзначајните институции во земјата. Таа искажа задоволство од успешно спроведените претседателски и парламентарни избори во земјата кои биле фер, слободни и демократски.

Таа ја реафирмираше спремноста на САД за продлабочување на билатералните односи меѓу двете земји како и очекувањата за продолжување на спроведување на реформите во земјата со цел добро владеење на правото, реформи во правосудскиот систем, како и борба против корупцијата и криминалот.

Двајцата соговорници се согласија дека во иднина треба поголемо внимание да се посвети на економските прашања со цел подобрување на животниот стандард на сите граѓани, подобрување на образовниот систем како и привлекување на повеќе странски инвестиции со цел Република Северна Македонија да може да напредува на својот европски пат и да ги надмине тешките предизвици со кои се соочува.