АВТОБУС СО МАКЕДОНСКИ ПАТНИЦИ СЕ СУДРИ ВО ТУНЕЛ ВО ИТАЛИЈА, ЗАГИНА ВОЗАЧОТ, 12 ПОВРЕДЕНИ СЕ ЗГРИЖЕНИ ВО БОЛНИЦА

0
148
Автобус на македонска туристичка агенција имал сообраќајна несреќа во Италија, при што загинал возачот. Како што информираат од Министерството за надворешни работи според досегашните информации на Амбасадата во Рим несреќата се случила на автопатот меѓу градовите Асколи Пичено и Анкона.

„Во сообраќајна незгода во која учествувал автобус на туристичка агенција од на лице место починал возачот на автобусот, Р. И. (1965 година) државјанин на Северна Македонија, додека полесно повредени се 12 патници, исто така наши државјани“, велат од МНР.  Од нив само еден е пренесен со хеликоптер во регионалната болница Торете ди Анкона, а еден во регионалниот траума центар, а најголем дел од повредените се згрижени во Сан Бенедето дел Тронто и Мури ди Фермо.

Според информациите на локалната станица на јавниот сервис РАИ, несреќата се случила во тунел кога се судриле автбусот со македонски државјани и два камиона. Едниот камион возел алкохолни супстанци и се запалил. Пожарот го гаселе три противпожарни возила.

Од МНР велат дека преку Амбасадата во Рим се во континуирана комуникација со надлежните италијански институции, кои работат на целосно расчистување на случајот.