ШОКАНТНА ВЕСТ: Портпаролката на Катица Јанева завршила во провалија со својот автомобил!

0
2117

Режимскиот портал Нетпрес јавува дека портпаролката на Катица Јанева, Ленче Ристовска, завршила во провалија со својот автомобил пред една недела. Веста е напишана така за да ја омаловажи и избербати обвинителката со тоа што се алудира дека имала швалер кој бил пази богати, помлад од неа?! Демек тоа е многу страшно и расипано… Но во реалноста најверојатно се работи за мало излетување надвор од патот со тоа што не се повредени двајцата во возилото, и најверојатно се работи за најнормално патување на двајца кои се во најнормална врска но ете за режимот се мора да биде спорно и негативно. Еве ја веста:

Специјална јавна обвинителка завршила во провалија со својот автомобил во сообраќајна несреќа која се случила попладнето на 27 декември, 2015 година, во близина на Македонски брод, дознава Нетпрес од полициски извори. Нашите информации велат дека таа, и нејзиниот неколку години помлад совозач, за среќа минале без телесни повреди во сообраќајката. Значителни оштетувања имало на нејзиниот автомобил марка „рено каптур“ со скопски регистерски ознаки.

Интересен е податокот, што во документацијата која ја сочинила увидната полициска екипа, наводно совозачот бил заведен како „нејзин пријател“, без име и презиме. Сепак Нетпрес успеа да дојде до идентитетот на совозачот, но нема да го објави. Ленче Ристоска, обвинител во Специјалното јавно обвинителство, имала сообраќајна несреќа со својот автомобил марка „рено каптур“, на 27 декември во околу 15.50 часот, кај влезот во село Требовље, во близина на Македонски брод.

Полициска екипа која извршила увид на местото на несреќата, констатирала дека до немилиот настан дошло поради неприлагодена брзина кон условите на патот. Полицајците утврдиле дека Ристовска возела со голема брзина на лизгав и подмрзнат тесен пат. Во еден момент таа изгубила контрола врз автомобилот и излетала од патот. Возилото завршило во плитка провалија. При падот автомобилот дури и неколкупати се превртел.

Повеќе за ова на следниов линк ОВДЕ.