ПРЕГОВОРИТЕ МРДНАА ОД МРТВА ТОЧКА: СОВЕТОТ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ ЌЕ ЗАСЕДАВА ЗА ТИМОТ НА КАТИЦА ЈАНЕВА, ОД ПРЕДЛОЖЕНИ 14 ПОМОШНИЦИ ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ ЌЕ СЕ ИЗБЕРАТ 12

0
898

Советот на јавни обвинители денеска во 16 часот ќе одржи седница на којашто ќе се расправа за помошниците јавни обвинители на специјалната обвинителка, Катица Јанева.

Во соопштението од Советот се вели дека Советот на јавните обвинители на Република Македонија ќе одржи седница за избор на јавни обвинители во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникациите, односно Специјалното обвинителство.

Советот изгласа само седум од 14-те предложени помошници обвинители и се досега не отстапуваше од ставот дека на Јанева и се доволни седум обвинители за работа.