Малку факти до мислителите во Вмро-Дпмне (но и до некои во опозицијата)

0
1062

1.Иранските резерви на нафта се два пати поголеми од Руските
2.Резервите на нафта на Венецуела се најголеми во светот или 4 пати поголеми од Руските
3.Иран бил секогаш(во нормални времиња) поголем произиводител од Русија
4.Резервите на нафта на Канада се два пати поголеми од Руските
5.Земјите на ОПЕК имаат 15 пати поголеми резерви на нафта од Русија и се 10 пати поголем производител од Русија во нормални времиња

Заради фактот што Венецуела и Иран беа под ембарго ,Русите ова ембарго го искористија и воведоа политика на Енергијата.Овој проект на Кремљ беше нож со две острици.Доколку се потпирате само на оваа политика ,тогаш добивате Синдром на Саудиска Арабија каде тотално ги запоставувате другите полиња на индустријата која Русија неповратно ја упропасти.
Место да ја искористат цела една деценија и да преку профитите од нафтата ја зајакнат својата индустрија и технологии,Русија комотно си правеше излети и живееше во филмот и синдромот на Саудиска Арабија.После десет години импакт во Европа и односите на Русија кои се сведоја на Политика на Енергијата (последен таков проект ,Соут Стрим) се заборавија дека секоја земја под Ембарго еден ден ќе биде од истото ослободена да таквите нивни сојузници кои ги поддржуваја да им трае ембаргото што повеќе еден ден ќе се претворат во нивни непријатели и ќе ја срушат оваа политика на Енергенски и ќе удрат по Саудискиот синдром на Руските тајкуни и политиката на Кремаљ.
Русија толку беше полна со себе да прва воведе ембарго на стоката од ЕУ и УСА посебно за дел на стоката која е во договорите по Светската Трговска Организација каде Русија стана полноправен член.
Најголем профитер од ваквата политика излезе Норвешка која секој месец има се поголемо производство на гас да за некоја година ќе ја стаса Русија по производство на овој енергенс.
Новите земји како Ајзербеџан,Таџикистан па до нивите гасни полиња во Либанското Море во посед на Израел но изгледа и на Палестина (се договараат по ова со посредници) па до Иран кои сигурно ќе го гради НАБУКО или слично до Европа ..Русија ја изгуби секаквата стратегиска смисла на енергенсите.
Венецуела и Иран ќе побрзаат ја возобноват сопствената индустрија и да ги модернизираат државите од ембаргата.Најдобри дестинации за Бизнис веќе стануваат Венецуела и Иран каде се очекува најмалку 10% пораст на ГДП и нашиот свет овие региони и Русија губат било какво значење.
Куба,Иран и Венецуела се земјите кои ќе ја означат следната декада.Ребилдинг на овие земји изнесува десет илјади милијарди долари во бројка 10.000 милијарди долари.Пред толку големи пари ,политиката,непријателствата стануваат беззначањи.Трката се спрема и скоро веќе започнува.Резервите на валута на Иран во странските банки кои беа блокирани се пронценуваат на 500 до 600 милијарди долари.

Доколку Техеран мудро изигра со дијаспората,посебно онаа на Шахот,лобистите на Иран ќе се помоќни во светот од било која до денес позната лоби група.Иран е стара држава.Многу по сериозна од било која земја од Источна Европа.И сега ќе помислите дека Израел и американските републиканци се незадоволни со ваквата ситуација.Чудно ако помислите така ..немојте да се занимавате повеќе со политика…Таа воопшто не е за вас.Седете си во парк..тоа ви е најдоброто место за вас.

Пишува : Даме Чкатроски