Вајгл: Одложувањето на изборите може повторно да донесе криза

0
1193

26067golema

Иво Вајгл и Едвард Кукан денеска им порачаа на македонските политичари дека можат да го одложуваат спроведувањето на Договорот од Пржино, но дека од овој процес нема бегање, објави „Нова ТВ“.

Двајцата политичари биле присутни на денешната сесија на Комитетот за надворешни работи во Брисел, а Вајгл го презентираше својот нацрт-извештај за Македонија, кој напролет, кога ќе биде изгласан од Европскиот парламент, ќе стане резолуција.

Кукан вели дека неговата политичка група, Народната европска партија, најголемата во ЕП, ѝ ја дава својата поддршка на сегашната влада за да се најде политичко решение за кризата и да се исполни целиот Договор од Пржино.

„Целосно исполнување на Договорот значи дека, на пример, на 15 јануари 2016 година Груевски треба да даде оставка. Во таа смисла, нашата политичка група го поддржува Груевски за да се исполни договорот, колку и да е тој тежок за примена. Но, тоа е единствениот начин да се излезе од оваа ситуација со политички средства. Токму тука ние го користиме нашето влијание“, заклучува пратеникот кој, заедно со Вајгл и со Ричард Ховит, ќе дојде во Македонија во јануари.

Повеќе ОВДЕ