(ВИДЕО) Реџепи: Бегалците не се терористи, тие се жртви на терористите

0
1237

Бегалците кои поминуваат низ Македонија се обични граѓани на Сирија, Авганистан и други земји. Терористичките организации не праќаат свои луѓе во Европа, туку регрутираат свои луѓе од Европа да се борат на фронтовите во Сирија и Ирак.

Бегалците се жртви на овие терористи и на овој тероризам. Ние треба да застанеме на нивна страна и да спречиме да станат жртви на терористите, рече Јасмин Реџепи на денешниот Марш на толеранцијата-Бегалци без граници.

Тероризмот нема нација, тоа е злобна идеологија која треба да се спречи во стартот. Европа и европските земји, вклучувајќи ја и Македонија треба да погледнат во своите граѓани дали има и какви се ризиците за да имаат такви луѓе кои можат да направат такви злодела.

Не може еден граѓанин кој изнемоштен, пешачи со километри , кој едвај има пари да го блати билетот, да размислува како во Париз да направи таков напад. Тоа се луѓе кои се таму инсталирани, кои го познаваат теренот, рече за „А1он“ Јасмин Реџепи.

Видеото ОВДЕ