ЈП ГРАДСКИ ПАРКИНГ : СО 500 ТРОТИНЕТИ СТАРТУВА ПРОЕКТОТ ЗА ИЗНАЈМУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНИ ТРОТИНЕТИ ВО СКОПЈЕ

0
681

ЈП „Градски паркинг“ во Скопје во петокот попладне на својата фејсбук страна објави фотографии и куса информација дека стартувал проектот за изнајмување на електрични тротинети во Скопје, но нема никакви информации колку ќе чини еден час изнајмување и како ќе функционира проектот.  Во кусата објава на Фејсбук стои дека станува збор за 500 тротинети, но нема информации колку чинела нивната набавка.

Промоцијата, која според објавените фотографии се одржала на паркингот кај Зоолошката градина.

САКАМДАКАЖАМ.МК денеска го побара новиот в. д. директор на „Градски паркинг“ Михаил Петровски и го прашавме да ни каже како се набавени тротинетите, колку чинат, дали се набавени од средства на претпријатието или од градскиот буџет, како и да ни објасни што е суштината на проектот, но и зошто проектот е промовиран тајно, без да се поканат новинари на настанот.

„Не можам да ви дадам денеска изјава“, ни одговори Петровски и рече дека сите информации ќе ги добиеме од понеделник.