ПРИВЕДЕНИ КРАДЦИ ОД БИТОЛА, СЕ ОБИДЕЛЕ ДА УКРАДАТ НАФТА ОД РАБОТНА МАШИНА, ПРИВЕДЕН ДИЛЕР ОД ОХРИД, ПРОНАЈДЕНА ДРОГА

0
231

Приведени крадци од Битола, се обиделе да украдат нафта од работна машина

На 06.08.2022 во 01.22 часот во рудникот Брод-Гнеотино, полициски службеници од Полициското одделение Новаци ги лишиле од слобода Д.Д.(37) и К.С.(30), двајцата од Битола. Тие биле затекнати при обид од рудникот да изнесат повеќе туби и балони со нафта која ја извадиле од работна машина со која работеле. Кај нив биле пронајдени околу 100 литри нафта, кои биле вратени на сопственикот и други предмети со кои го извршиле делото. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога

На 05.08.2022 во 22.10 часот на ул.„Стив Наумов“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Ф.Ш.(25) од Ресен затоа што кај него била пронајдена и одземена кеса со бела прашкаста материја. Дополнителено, при претрес во неговиот дом во Охрид, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена дробилка со остатоци од марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.