ПРЕМИЕРОТ КОВАЧЕВСКИ ПРЕД ПРИЛЕПСКАТА БОЛНИЦА ПРЕЧЕКАН СО ШПАЛИР И АПЛАУЗ ОД ПРИЛЕПЧАНИ ПО ПОВОД ОТВОРАЊЕТО НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА МАГНЕТНА РЕЗОНАНЦА КОЕ Е ОД КРУЦИЈАЛНО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЗЕМЈАВА, ПОСЕБНО ЗА РЕГИОНОТ

0
947

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски придружен од министерот за здравство Беким Сали, денеска го посети и отвори одделението за магнетна резонанца во рамки на одделот за рентген во ЈЗУ Општа Болница со проширена дејност – Прилеп.

„Нашата посета на Општата болница во Прилеп е по повод отворањето на одделот во кој поставен ново набавениот апарат за магнетна резонанца, изјави премиерот Ковачевски.

Со новата магнетната резонанца граѓаните на Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Кавадарци и околината од денеска ќе добиваат највисока здравствена услуга неопходна за точна дијагностика.