ЛИДЕРОТ НА ВМРО-ДПМНЕ МИЦКОВСКИ ГИ ОТЕПА ПУТИНИСТИТЕ НА БАЧЕВ И ЛЕВИЦА КОИ ЗАГОВАРААТ БОЈКОТ НА ПОПИСОТ : ПОРАКА ДО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД МАСОВНО ДА ИЗЛЕЗЕ И ДА СЕ ПОПИШЕ НА ПОПИСОТ И ДА НЕ ВЕРУВА ВО ОНИЕ НАЦИОНАЛНИ СТРУКТУРИ КОИ ЗАГОВАРААТ БОЈКОТ НА ПОПИСОТ!

0
1086

Она што е важно е да кажеме дека одговорни за законито и точно спроведување на пописот е владата и Државниот завод за статистика, се останато во овој процес е фолклор, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во денешното интервју во емисијата Анализа на ТВ 24 коментирајќи го почетокот на пописот.

Тоа што ВМРО-ДПМНЕ го направи уште на почетокот на оваа година беше практично да во тоа време пописот се одложи и пописот тогаш се одложи за да се реализира сега, во септември. Зошто? Затоа што ние сега реализирајќи го сега пописот можеме веднаш за време на локалните избори го исконтролираме, бидејќи сега на локалните избори ние ќе имаме фингерпринт терминали и тоа ќе ни биде првиот индикатор дали владата и ДЗС го завршиле пописот како што треба, истакна Мицкоски.

Мојата порака е масовно да излезат граѓаните и да се попишат и мојата порака до македонскиот народ е да не ги слушаат и да не потклекнуваат на анационалните и антимакедонските елементи на македонската политичка сцена кои што во овој момент се обидуваат повторно да внесат раздор во македонското ткиво и помеѓу протесните гласови како што тоа го правеа за време на претседателските избори кога тогаш повикуваа на бојкот на тогашниот опозициски кандидат и практично ја продолжија кариерата на Зоран Заев и СДСМ, порача Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на ТВ Алфа.